Дигитален стартен пакет

Што представува дигиталниот стартен пакет?

Дигиталниот стартен пакет е замена за досегашните стартни пакети во кои беа инсертирани разни принтани материјали (флаери) од организаторите или партнерите. Сето ова сега ќе го добиете во вашиот дигитален стартен пакет. Со ова сакаме да го намалиме непотребниот отпадок од хартија и отпадните материјали на спортски настани и истото да го замениме со транспарентна, корисна алтернатива. Покрај тоа што нашите спонзори ќе имаат поголем увид во директниот маркетинг преку разни алатки.

Како ќе го добијам својот дигитален стартен пакет?

Дигитаниот стартен пакет ќе го добиете на вашата емаил адреса која сте ја оставиле при процесот на пријавување.

Како да го искористам ?

Некои од купоните се со промоции и понуди од нашите партнери, а некои се со купони за одредени попусти. При отварање на некои линкови во купоните ќе бидете прашани дали сакате неповратно да го искористите кодот. Внимавајте! Доколку кликнете на купонот без да бидете присутни во продавницата/објектот на партнерот (за одредени купони) истиот ќе биде поништен и потоа нема да можете да го вратите назад во првобитната состојба. Затоа искористувањето  на кодовите морате да го направите во самите продажни места на партнерите со покажување на купонот на вашиот мобилен телефон.

Времетраење на дигиталниот стартен пакет

Дигиталнит стартен пакет ќе биде активен до 1 август 2019, после овој датум пакетот ќе биде деактивиран, односно недостапен.

Зошто не го добив мојот дигитален стартен пакет?

Доколку не сте оставиле ваша лична емаил адреса при пријавувањето, туку сте се пријавиле повеќе учеснички од иста емаил адреса, тогаш можно е да добиете само еден дигитален стартен пакет.

dpack_comp