ЗА ТРКАТА

zenska-trkaavicena-logo-kvadratno

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ!!

Заради новонастанатата ситуација во државата и препораките од надлежните институции во врска со Коронавирусот, COVID-19, првичниот датум на одржување на трката, 5 април 2020, се менува и новиот датум на 8-та Авицена Женска трка е 6 септември 2020.
Трката е планирана да се одржи според посебни протоколи кои треба да бидат одобрени од Комисијата за заразни болести при министерството за здравство. Бројот на учеснички ќе биде ограничен и ќе мора да се почитуваат правилата на трката според одобрените протоколи. Носењето маска е задолжително до самиот старт на трката кога истата ја фрлате во корпа за отпадоци или ја носите со себе за време на трката. По завршување на трката веднаш треба да ја ставите вашата заштитна маска на лицето или ќе добиете нова при влегување во целта. Ве молиме пред стартот и после целта да држите дистанца од 1,5 метри и да не се групирате. На повеќе места ќе има средства за дезинфекција на раце.
До 20 август е рокот за промена на пријавата односно откажување на вашето учество за 2020 и префрлање на вашата регистрација за 2021.
Ве молиме доколку не сте во можност да учествувате на 6 септември од било кои причини, да ја одложите важата регистрација најдоцна до 20 август. После овој датум нема да биде можно одложување. Како да го одложите вашето учество можете да видите на упатството на овој линк
http://zenskatrka.mk/wp-content/uploads/2020/08/Prefrlanje_za_2021.pdf

Авицена Женската трка е влезена во календарот на Европската Атлетска Асоцијација.

Пропозиции за Авицена Женска трка:

Дата на одржување: 5 април 2020 6 септември 2020– недела
Место: – А1 Арена – СЦ Борис Трајковски, пред главен влез на салата
Старт на трката: стартот ќе биде во периодот од 8.30 до 9.45 во интервали според стартниот број (кликни тука за да ја видиш стартната листа и да го видиш своето време на доаѓање на старт, ве молиме да го почитувате ова правило) – Трчање на 3.000 метри (1 круг)
Линк за пријавување: www.smartrace.club
Право на учество: Припаднички на женскиот пол без возрасно ограничување
Рок за пријавување: најдоцна до 20 август 2020
Награди: Трката има натпреварувачки карактер и трите најдобро пласирани во генерален пласман (според Chip Time заради новите протоколи) ќе добијат награди, а ќе има награди и за најдобрите три (според Chip Time) по возрасни категории.
Лотарија со извлекување на среќни стартни броеви од сите учеснички ќе се изврши онлине после трката, а деталите ќе бидат дополнително објавени. Подароците ќе бидат обезбедени од нашите партнери. Награди ќе се делат по следниве категории:
– до 12 години
– до 14 години
– до 18 години
– до 30 години
– до 40 години
– до 50 години
– 50+ години
Котизација:
– до 10.02.2020 / 150 денари
– до 10.03.2020 / 200 денари
– до 20.08.2020 / 250 денари

Дополнителен продукт:

maica-zenska-trka-2020_final
– dry-fit маица со логото на трката можете да ја купите како дополнителен продукт по цена од 400 денари најдоцна до 20 август. 100 денари од секоја продадена маица ќе одат во хуманитарни цели. Оваа година донираме по 100 денари од секоја продадена маица за Интервентниот женски фонд на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.  Повеќе информации можете да дознаете на http://www.glasprotivnasilstvo.org.mk/interventen-zhenski-fond/
nasilstvo-web

Содржина на стартен пакет:

– стартен број со чип
– дигитален стартен пакет – eventbaxx
– вода
– учество во лотарија
– подароци од спонзорите

За пријави до 15 август, вашето име ќе биде испишано на стартниот број. На денот на трката не е можно пријавување.
Подигнување на стартните броеви ќе биде на 4 и 5 септември, во А1 Куглана во СЦ Борис Трајковски. На 4 септември од 12.00 до 18.00 часот, а на 5 септември од 10.00 до 18.00 часот. Носењето маска и држењето дистанца е задолжително правило при подигање на стартните броеви

Настанот е предвиден да се одржи по следниот редослед:

08.30 – 9.40  Старт на трка на 3км, стартот ќе се одвива по специални протоколи (5 учеснички на секои 10 секунди). Секоја учесничка треба да се појави пред зоната на стартот во точно определено време кое може да го видите во стартната листа (кликни тука). При влез во зоната на стартот ќе ви биде направен термален скрининг, оние кои што ќе имаат покачена температура нема да им биде дозволено да ја стартуваат трката и ќе бидат замолени да го напуштат местото. Ве молиме да ги почитувате правилата и инструкциите на лице место кои ќе бидат дадени од организаторите.
10.30 – Завршување на настанот

Патека на трката

Зоната на стартот на трката ќе биде пред главниот влез на А1 Арена -СЦ Борис Трајковски. Кога ќе влезете во зоната на стартот се движите (250м) до стартната линија која ќе биде поставена пред влезот на А1 Базен – СЦ Борис Трајковски и држите дистанца од другите учеснички од 1.5м (ќе има обележано маркации). На стартната линија се редат 5 учеснички и чекаат занк за старт од судиите. Веднаш после стартот се трча лево се доаѓа кај подвозникот кај Хотелот Александар Палас каде се врти десно и се влегува во Градскиот Парк каде што патеката ќе биде означена со конуси, траки и на одредени места ќе има волонтери кои ќе ве насочуваат за правецот на трчање. Целта ќе биде во Граадскиот Парк позади Ботаничката Градина.
Патеката ќе биде обезбедена и обележена и ќе има поставено волонтери, а на 1,5 км ќе има и контролна точка за чиповите.

Ве молиме погледнете ја доле мапата на трката и мапата на зоната на старт.

mapaavicenazenskatrka2020