Важно известување за сите пријавени учеснички!

Драги натпреварувачки,

Се надеваме дека и вие се подготвувате и дека сте во добро здравје. И оваа година Авицена Женска трка ќе се одвива под посебни протоколи за заштита од Ковид – 19, а истовремено, на сила се новите владини одлуки кои сме должни да ги спроведеме.

Секоја учесничка на спортски настан на отворено, над 18 години, при подигнување на стартниот број мора да приложи на увид:

– Сертификат – потврда за извршена имунизација од вирусот SARS-CoV-2 или примена една доза вакцина.

-Сертификат/Потврда за прележан КОВИД 19 во последните 45 дена, сметајки од денот на оздравувањето.

БЕЗ ПРИЛОЖЕН ВАКОВ ДОКУМЕНТ, НЕМА ДА БИДЕ ИЗДАДЕН СТАРТЕН БРОЈ И НЕМА ДА БИДЕ ДОЗВОЛЕНО УЧЕСТВО НА ТРКАТА!

Подигнувањето на стартните броеви ќе биде на 3 и 4 септември во Кугланата Борис Трајковски од 12 до 19 часот.

Дезинфекција, одржување дистанца  и носење маски ќе биде задолжителна приподигање на стартните пакети , пред стартот на трката и по завршување на трката.

 

Доколку  од горенаведените причини не можете да настапите на трката, ве молиме да ни испратите мејл до 25.08.2021 со барање за враќање на средствата или барање за префрлање на котизација за следна година. Пишете ни на info@zenskatrka.mk и останете во добро добро здравје.

Со почит,

Авицена Женска Трка