Пријавувањето за трката се отвара на 2 февруари 2023. Пријавувањето на трката се затвара на 4 април 2023 или може да биде затворено и порано доколку се пополни предвидениот број на учеснички.
При процесот на регистрација како дополнителен продукт може да купите и драј фит маица со логото на трката. Цената на драј фит маицата е 500 ден. и истата ќе може да се купи најдоцна до 10 март 2023.
Пријавете се до 30 март и вашето име ќе биде испишано на стартниот број.
Рокoт за пријавување трае најдоцна до 4 април. На денот на трката не е можно пријавување.
Информацијата за подигнување на стартните броеви ќе биде дополнително објавена.