Услови за учество во Авицена Женска трка 2023
Следната изјава е составен дел од вашата регистрација за учество нa АВИЦЕНА ЖЕНСКА ТРКА 2023:
“Со поднесување на оваа моја апликација и пријава за трката АВИЦЕНА ЖЕНСКА ТРКА 2023 – 9 април,
Изјавувам дека сум психо-физички способна за оваа трка и организаторите не сносат никаква одговорност за моите физички или материјални штети доколку настанат за време на одржување на АВИЦЕНА ЖЕНСКА ТРКА 2022 . Лекарскaтa екипa има право да ме отстрани од трката доколку констатира опасност по моето здравје. Потврдувам дека сум информирана дека на организаторот на оваа трка му припаѓаат сите права за промотивно користење на моето име, глас, фотографија или видео запис, вклучувајќи ги сите видови на рекламирање, на радио, ТВ и интернет, како и за други рекламни потребни на организаторот.
Потврдувам дека сите мои информации во пријавата се точни. После регистрацијата, нема да имам право на рефундирање на уплатените средства. Свесна сум дека мојот стартен број е личен и не може да се префрли на друго лице, поради што нема да можам да го отстапам или да го продадам на било кое друго лице во било кој случај, дури и во случај да бидам спречена да учествувам на настанот од било кои причини.
Се обврзувам дека ќе ги почитувам правилата, безбедносните и здравствените протоколи наложени од страна на Организаторот за трката во која учествувам.
Организаторот си остава за право да ги промени термините на трките и фондот на награди доколку тоа го наметнуваат условите.
Ги прочитав , разбрав и целосно ги прифаќам условите и правилата за учество во трката“
За да се осигура вашата заштита на приватност вашите податоци се зачувани во електронска форма.