Во организација на Сојуз на Спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје на 9 април 2023 ќе се одржи  11. издание на АВИЦЕНА ЖЕНСКА ТРКА.
Право на учество имаат сите припаднички на женскиот пол без ограничување на возраст.

Програма

Настанот е предвиден да се одржи по следниот редослед:
09.40 – Аеробик загревање
 10.00 – Старт на трка на 3км
10.45 – Прогласување на најдобрите
 11.00 – Лотарија

По прогласувањето на најдобрите, следува лотарија со извлекување на среќни стартни броеви од сите учеснички. Подароците ќе бидат обезбедени од партнерите на трката.

Котизација

• до 08.03.2023 / 300 денари
до 04.04.2022 / 350 денари

Рокот за пријавување е и рок за уплата на котизацијата. 

Пријавете се до 30 март 2023 и вашето име ќе биде испишано на стартниот број.
Рокoт за пријавување трае најдоцна до 4 април 2023. На денот на трката не е можно пријавување.

Подигнување на стартните броеви ќе биде на 7 и 8 април, од 11.00 до 18.00 часот во Спортски Центар “Борис Трајковски“, влезот спроти лизгалиштето.

НАПОМЕНА:  Во случај на презакажување на трката заради било какви причини уплатените средства не се рефундираат, пријавата ќе важи за следната трка.

Стартен пакет

• стартен број со чип
дигитален стартен пакет
вода
учество во лотарија
 осигурување
подароци од спонзорите

Подигнување на стартните броеви ќе биде на 7 и 8 април, од 11.00 до 18.00 часот во Спортски Центар “Борис Трајковски“, влезот спроти лизгалиштето.

 

Подигнувањето на стартниот пакет мора да биде направено лично од секоја учесничка.

Маица - дополнителен продукт

При процесот на регистрација како дополнителен продукт може да купите и драј фит маица со логото на трката. 

Цената на драј фит маицата е 500 ден. и истата ќе може да се купи најдоцна до 10 март 2023 при процесот на регистрација.

Награди

По завршувањето на трката ќе има лотарија и прогласување на најдобрите. 
Секоја учесничка ќе добие стартен број со чип за електронско мерење на време. Трката има натпреварувачки карактер и трите најдобро пласирани во генерален пласман ќе добијат награди, а ќе има награди и за најдобрите три (според Chip Time) по возрасни категории.

По прогласувањето на најдобрите, следува лотарија со извлекување на среќни стартни броеви од сите учеснички. Подароците ќе бидат обезбедени од партнерите на трката. Доколку при извлекувањето на среќните броеви добитникот не е присутен, ќе се извлекува нов среќен број, се додека не се додели наградата на некој од присутните.

Категории

• до 12 години
до 14 години
до 18 години
до 30 години
до 40 години
до 50 години
50+ години

Услови за учество во трката

На следниов линк се наведени условите за учество кои се составен дел од вашата пријава и кои ги прифаќате при регистрација за трката. Ве молиме прочитајте ги пред да направите пријава
https://zenskatrka.mk/uslovizaucestvo/

Патека

Старт и цел на трката ќе бидат на бул. Илинденска, во близина на фонтана Лотос,  се трча еден круг од 3 км.